Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ објавува повик за ангажирање на новинари во редакциите на „Мета.мк“ и „Порталб.мк“. Кандидатите кои имаат искуство во новинарството може да имаат предност пред останатите, но одлучувачки фактор не е искуството туку нивната креативност и ентузијазам. Потребно е, за двата медиуми, кандидатите да имаат дигитални вештини.

Од заинтересираните за работа во „Мета.мк“ се очекува одлично да го познаваат македонскиот јазик, како и англискиот јазик.

Од заинтересираните за работа во „Порталб.мк“ се очекува одлично да го познаваат албанскиот јазик, како и англискиот јазик.

Кандидатите треба да испратат куса биографија и мотивациско писмо во електронска форма на konkurs@metamorphosis.org.mk најдоцна до 14.02.2020 година.

Фондацијата Метаморфозис верува дека преку истакнување на посветеноста кон родовата еднаквост се зголемува делотворноста на проектите до максималното ниво, се јакне организацијата, се подобруваат програмските ресурси и координацијата со внатрешните и надворешните партнери. Во Метаморфозис се грижиме за целосна усогласеност со националните закони и политики поврзани со родот и трудот, родова еднаквост во пристапот до можности за обуки, образование, учество во процесот на носење одлуки и придонесите од жените и од мажите да бидат видливи и вреднувани.

Сподели: