Извршниот директор на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Бардил Јашари, и Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, потпишаа Меморандум за соработка, со цел подготовка на нова Стратегија за Транспаретност на Владата на Република Северна Македонија, која ќе придонесе кон подобрување на транспарентноста и отчетноста на Владата и институциите врз основа на принципите за соработка со граѓанското општество и размена на знаења и искуства.

Стратегијата за транспарентност ќе има за цел да ги поврзе и усогласи веќе донесените политики, кои на директен или индиректен начин имаат за цел да ја подобрат транспарентноста на институциите, но и да даде нови насоки за подобрување на транспарентноста на институциите. Со креирањето на овој стратешки документ, правилата за комуникација на институциите со граѓаните и начелото на транспарентност ќе бидат операционализирани и унапредени. Целта на Стратегијата за транспарентност на Владата, која ќе биде подготвена во консултативен процес со засегнатите страни со поддршка од Фондацијата Метаморфозис, е да донесе системски промени во насока на доброто управување.

Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Сподели: