Фондацијата Метаморфозис беше примена за полноправна членка на Европските дигитални права (European Digital Rights) за време на Генералното собрание на организацијата што се одржа на 7 август 2005 година во Берлин, Сојузна Република Германија.

Организацијата Европски дигитални права (ЕДРи) е формирана во јуни 2002 година. Моментално во неа членуваат 21 организација од 14 европски земји. Членките дејствуваат во областа на приватноста и граѓанските права.

Европските дигитални права се занимаваат со многу прашања од областа на приватноста и граѓанските права, од заштита на податоците до заштита на авторски права и софтверски патенти, од пренос на податоци за патници до слобода на он-лајн изразувањето, како и проблемите поврзани со безбедноста и приватноста кои произлегуваат од е-гласањето.

Сподели: