Ministry of Data во соработка со Фондацијата Метаморфозис ве покануваат на Мinistry of Data meetup во Скопје, кој ќе се оддржи на 24.11.2016 со почеток во 17:00 часот, во Цреша бар! Кликнете тука за да го пријавите вашето учество на овој meetup.
Што е Ministry of Data?
Ministry of Data е регионален предизвик за креирање апликации кој го поддржува креативниот потенцијал на младите луѓе, отворените податоци и напредокот на технологијата за инклузивно управување на подрачјето на западен Балкан. Доколку имате идеја како да ги трансформирате нашите градови и да го подобрите управувањето, ефективноста и учеството на јавноста на ниво на градови, и имате 18 или повеќе години, Ве повикуваме да ни се придружите! Рокот за пријавувавње е 5 декември 2016 година.
Дали имате идеја како да ги трансформирате нашите градови и подобрите владеењето, ефективноста и јавното учество на локално ниво?
Дали твојата идеја е применлива на Западен Балкан?
Дали обожаваш да анализираш и обработуваш податоци за јавно добро: ако можеш да најдеш начин да разбереш, ќе разбере и граѓанинот.
Визуелизации/аналитики, мобилни апликации и други е-решенија се добредојдени. Два тима ќе освојат менторски шеми по своја мерка и парична награда од 2500 американски долари.
Дали ве интересираат спeцијални податоци? Може да добиете специјална награда од дополнителни 2500 американски долари за најдобри визуелизации/аналитики, мобилни апликации и други е-решенија кои користат спацијални податоци.
Дали имаш минимум 18 години?
Тогаш придружи ни се! Рокот е до 5 декември.
Регистрирај се и аплицирај на http://
Следете го развојот на настаните на Фејсбук страницата: https://www.facebook.com/
Сподели: