Изминатиот викенд, Фондација Метаморфозис активно учествуваше во подготовките за студиската сесија „Open your AIs“, што ќе се одржи во јуни во Европскиот младински центар во Стразбур, под покровителство на Советот на Европа.
Оваа студиска сесија претставува можност за младите да ги истражат клучните прашања поврзани со етиката и одговорната употреба на вештачката интелигенција. Преку размена на идеи, дискусии и практични активности, учесниците ќе креираат алатки, стратегии и препораки кои ќе можат директно да ги применат во работата на младинските организации.
Студиска сесија е организирана во рамките на програмата Youth for Democracy во соработка со Connect International со партнерот Curiosite Centre de Formation и експертизата на Фондација Метаморфозис.
Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со 20 млади лидери од цела Европа и заедно да придонесеме кон изградба на поинклузивна и праведна дигитална иднина, заснована врз заштита на човековите права.
Повикот за учество е отворен до 9-ти мај. Повеќе информации има на следниот линк.
Сподели: