Денот за заштита на приватноста за првпат бил одбележан на 28 јануари 2007 година, а денес се одбележува во 51 земја во светот, меѓу кои е и Северна Македонија.
Правото на приватност и заштита на личните податоци е заштитено со повеќе меѓународни документи, вклучително и Универзалната декларација за човекови права од 1948 година и Меѓународниот пакт за граѓански и политички од 1966 година.
Големата важност на заштитата на приватноста и личните податоци доведува до глобален тренд на усвојување на соодветни закони кои ги заштитуваат овие права. Дури 98% од државите во Европа и повеќе од 2/3 од државите во светот имаат усвоено вакви регулативи. Република Северна Македонија не е исклучок од овие трендови, а првиот Закон за заштита на личните податоци бил донесен во 1994 година.
Сподели: