На 23-ти и 24-ти јуни Фондацијата Метаморфозис, како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, ја одржа својата работилница за отворени податоци за државни службеници од министерствата и агенциите. На дводневниот настан учествуваа 15 државни службеници.

Целта на обуката беше да се изградат капацитетите на државните службеници со алатки и методи кои служат за подобрување на користењето отворени податоци во нивните соодветни институции.

Обуката ги опфати следните теми: Општи концепти на податоци и информации и дефинирање на концептот на отворени податоци; Придобивки од објавување отворени податоци; Принципи за отворени податоци; Студии на случај со отворени податоци; Основни технички аспекти на отворените податоци; Платформа за отворени податоци data.gov.mk; Собирање и филтрирање на отворени податоци; Визуелизација на отворени податоци; Истражување на отворени податоци.

Работилницата ја одржа Станислав Василковски, експерт во областа и директно вклучен во изработката на веб-страницата data.gov.mk. Програмата и обуката се изведуваа преку неколку различни методи засновани на неформално образование, меѓу кои групна работа, презентации, практични вежби, отворена дискусија итн.

 

Сподели: