Културната установа „Блесок“, на 19 септември, од 21 часот, во клубот МКЦ организира промоција на книгата поезија на Игор Исаковски, „Дека да“.
„На роденденот на Игор, песни од последната збирка што тој ја напиша ќе читаат неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Владимир Мартиновски. Ќе свири Тони Китановски. Да зборуваме за Игор, да ги читаме неговите стихови и да ја слушаме музиката што ја сакаше“, се вели во соопштението за настанот пренесено од агенцијата Мета.мк.
Игор Исаковски (1970-2014) беше дел од групата ентузијасти кои во 1998 година ја започнаа иницијативата за формирање на Центарот за електронско издаваштво „Метаморфозис“, кој во 2004 година прерасна во денешната Фондација „Метаморфозис“.
Сподели: