На 13.10.2015 (вторник), во Хотел Холидеј Ин во Скопје, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи првата јавна консултација „Дигитализацијата во радиодифузијата: достигнувања, предизвици и перспективи“. Оваа јавна консултација е дел од проектот „Мапирање на дигитализацијата во радиодифузијата во РМ“ спроведуван Фондацијата Метаморфозис, чија цел е да се утврдат ефектите, последиците и предизвиците со кои се соочуват сите чинители од македонската медиумска сфера по завршувањето на процесот на дигитализација во земјата.

Предвидено е проектот да заврши со еден финален документ во кој ќе бидат интегрирани сите сознанија од истражувањето и од целокупната работа на проектот, како и препораки за тоа во кои насоки ќе биде потребно да се унапредува дигитализацијата во радиодофузијата во иднина. Завршниот документ ќе биде јавно достапен како печатено издание и на интернет, а ќе биде дистрибуиран до сите релевантни домашни и меѓународни институции.

Сподели: