Механизмите за комуникација меѓу комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните на општинско ниво развиени во рамки на проектот МЕК ќе бидат претставени како студија на случај  на вториот ден од работилницата како вовед во сесијата „Елементи на добра координација“.

Споделувањето на информациите за досега утврдените состојби и промени во четирите пилот општини (Чаир, Тетово, Гостивар и Дебар) ќе придонесат кон зголемување на видливоста на придобивките од проектот МЕК и ќе го зголеми потенцијалот за мултипликација во другите општини.

Работилницата е организирана од ИдејаОК, а на неа меѓу другите учествуваат и претставници на Министерството за локална самоуправа, Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Агенцијата за остварување на правата на заедниците , собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците, Секретаријатот за европски прашања, како и на другите релевантни заинтересирани страни.

Сподели: