На 05 април 2016 година (вторник), во просториите на ЕУ Инфо Центар во Скопје со почеток во 11.00 часот ќе се одржи тркалезна маса на тема: Граѓанскиот сектор и медиумите за доброто владеење. На тркалезната маса ќе се дискутираат следните теми: добро владеење, медиуми, граѓанско учество, транспарентност и отчетност, борба против корупција и сите останати аспекти кои го дефинираат доброто владеење.

Присутните ќе имаат можност да проследат презентации кои ќе се фокусираат на важноста од граѓанското учество, улогата на медиумите во информирањето на јавноста за доброто владеење, транспарентноста на институциите, искуствата од програмата за анти-корупција, а потоа и да дискутираат за приоритетите и предизвиците кои тие ги идентификуваат како значајни кога се работи за доброто владеење, граѓанското учество и медиумите.

Овој настан го означува стартот на проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа кој Фондација Метаморфозис го спроведува во партнерство со Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA – Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија.

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.

Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.

Ве молиме да го потврдите вашето учество на тркалезната маса најдоцна до 4 април, 12.00 часот со пополнување на формуларот за регистрација.

trkalezna masa action see

Сподели: