Сподели:
Најава за дебата за млади: Мрачната страна на социјалните медиуми – Коегзистирање со доброто и злото
27.03.2023
Младите половина од денот го поминуваат во виртуелната реалност, односно на друштвените мрежи. Постојано споделувајќи, објавувајќи и креирајќи содржини за социјалните медиуми, тие ги прошируваат своите хоризонти, вештини, учат нови нешта и ги „пингуваат“ местата, храната од соништата и своите идоли.
Но, ако ја свртиме паричката од другата страна, социјалните медиуми имаат и своја мрачна страна – друштвена изолација, сајбер булинг, нарушено ментално здравје или едноставно тестирање „штетни“ трендови. Каде ставаме граница и како можеме да коегзистираме со предностите и предизвиците на овие платформи?
На овие прашања свое видување ќе дадат Андријана Вешовиќ-Зомбијана, креаторка на содржина и активистка (Црна Гора); Бојана Стојменовиќ, Мој психолог и Бојан Кордалов, комуниколог и специјалист за социјални медиуми. Настанот ќе биде на македонски јазик и ќе трае 90 минути, а ќе го модерира Гоше Николов, новинар во новинаската агенција Мета.
Настанот е од отворен тип и на истиот се очекува да присуствуваат млади лица. Сите заинтересирани страни се повикани да го пополнат формуларот за регистрација достапен на линкот: https://forms.office.com/e/qwfL9Sv6cB .
Со дебатата за млади ќе се затвори конференцијата „Дигитална трансформација за граѓаните“ организирана во рамките на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA” финансиски поддржан од Европската Унија.
Активност во рамки на проектот:
Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција
Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со