Залудното талкање по шалтери се надминува со дигитализација и со вмрежување на регистрите. Во таква ситуација државните инстутуции нема зошто од граѓаните да бараат податоци што и онака веќе ги имаат.

Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организира дијалози за Дигитална агенда под наслов Дигитална агенда за граѓаните – Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација, на 28 јуни 2022 од 11:00 – 12:30, преку ZOOM платформата.

Настанот ќе се состои од кратко претставување на последното истражување спроведено во рамки на Опсерваторија на Дигиталната агенда во Северна Македонија кое Фондација Метаморфозис го спроведе во рамки на проектот, и истото ќе послужи за развивање на дискусија за можностите и идните чекори за поефикасна дигитализација и дигитална трансформација со граѓаните во центар.

Како говорници на настанот се очекува да учествуваат:

  • Славица Грковска, Заменичка на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење
  • Проф. Д-р. Боро Јакимовски, Декан на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
  • Д-р Ирена Бојаџиевска, Доцент на Универзитет Американски колеџ во Скопје
  • Д-р Наталија Шикова, Вонреден професор на Правниот факултет на Меѓународниот Балкански Универзитет
  • Проф. Д-р. Катерина Колозова, Извршен директор во Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје
  • Искра Белчева Ристовска, Програмски координатор во Центар за управување со промени
  • Теофил Блажевски, Уредник-новинар во Вистиномер
  • Проф. Д-р Лазар Нанев, Претседател на Основен Суд Кавадарци

Настанот е од отворен тип и на истиот се очекува да присуствуваат претставници на институции, граѓански организации, медиуми, граѓани и сите останати засегнати страни. Сите заинтересирани страни се повикани да го пополнат формуларот за регистрација: https://forms.gle/6xZEecnLvFw9tzvJA

Напомена: Настанот ќе биде на македонски јазик. Настанот ќе биде емитуван во живо преку Facebook Live алатката на Facebook профилот на ИЦЕДА мрежата.

По завршување на настанот, сите регистрирани учесници ќе добијат линкови кои ќе водат до спроведеното истражување и инфографици, преку кои понатаму можат да добијат повеќе информации за тековната состојба за спроведување на Дигиталната агенда во Северна Македонија и да ги користат информациите соодветно во своите истражувања или статии.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Партнери за демократска промена Србија, Lëvizja MJAFT, и НВО 35 MM.

Сподели: