Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организира Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за вештачка интелигенција на 23 септември 2021 од 10:00 – 11:30 преку ZOOM.

Дијалозите ќе бидат изведени во форма на панел-дискусија посветена на разбивање на митовите поврзани со вештачка интелигенција со цел да се унапреди знаењето и подигне свеста кај граѓаните за придобивките од користењето на истата во разни општествени области.

Говорници на настанот се очекува да бидат:

  • Бардил Јашари, извршен директор на Фондација за интернет и општество Метаморфозис
  • Ивана Станковиќ, советничка во Фонд за иновации и технолошки развој и координаторка на работната група за Национална стратегија за вештачка интелигенција
  • Илија Митров, софтверски инженер и сертифициран практичар во полето на вештачка интелигенција, тренер на Официјалната Академија за вештачка интелигенција во Семос Едукација
  • Марко Серафимовски, менаџер за интернационален развој на бизнис во Семос Едукација
  • Христијан Ѓорески, асистент професор за вештачка интелигенција и машинско учење на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ и извршен директор на Aidea Lab

Сите заинтересирани да ја проследат дискустијата и да дознаат повеќе за вештачка интелигенција се повикани да ја пополнат регистрациската форма (https://forms.gle/YHKaMokni4SB69XQA) каде што меѓу другото ќе можат и да ги постават своите прашања кои ќе бидат поставени на говорниците од дискусијата. Сите регистрирани учесници ќе добијат линк за влез во дискусијата.

Напомена: Настанот ќе биде на македонски јазик. Настанот ќе биде емитуван во живо преку Facebook Live алатката на Facebook профилот на ИЦЕДА мрежата.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.

Сподели: