Во вторник, на 16 ноември 2021 година, со почеток во 14:00 часот, Фондацијата Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество организира онлајн презентација на резултатите од Индексот на отвореност на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за 2021 година. Настанот се организира со цел да се овозможи простор за дискусија и дебата помеѓу граѓаните, медиумите, претставниците на локалните самоуправи и граѓанскиот сектор, при што тема на дискусија ќе бидат последните резултатите добиени преку истражувањето на Индексот за 2021 година.

Настанот ќе се одвива онлајн преку Zoom платформата.

Сите заинтересирани ќе можат да го следат настанот преку следниот линк за вклучување: https://techsoupglobal.zoom.us/j/99452924088

На следниот линк можете да ја погледнете деталната агенда: Агенда – Индекс на отвореност на ЕЛС 16.11.2021

 

Сподели: