Фондацијата Метаморфозис ја организира трибината „Насоки за подобрување на информациската сигурност во Република Македонија“ која ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје на 7 мај 2007 г. (понеделник) со почеток во 11 часот.

Трибината се одржува со цел да ги адресира предизвиците и можностите за подобрување на нивото на информациска сигурност во Република Македонија, како од технолошки така и од организациски аспект. На трибината ќе биде претставена нацрт-верзијата на документот „Насоки за информациска сигурност“  изработена од експертски тим во склоп на проектот „Иницијатива за информациска сигурност“ на Фондацијата Метаморфозис. Заклучоците од трибината ќе бидат употребени при изработката на финалниот документ кој ќе биде достапен на пошироката јавност.

Преземете ја агендата.

Сподели: