Во нив, преку типски случаи се анализира квалитетот на медиумската продукција од Македонија, при што беа опфатени темите на разграничување на јавен интерес, приватност, третманот на пресудите на Европскиот суд за човекови права, медиумските манипулации околу извештајот на „Репортери без граници“, медиумскиот активизам и односот кон изборите и полицијата.

Овие содржини се достапни на македонски и албански, а дел од нив и на англиски јазик, преку блогот mediumi.kauza.mk, промовирани преку агрегаторот Ping.mk и  профилите на социјалните мрежи на Метаморфозис, и беа интегрално пренесени од низа прогресивни онлајн медиуми: Portalb.mk, Окно, Плус инфо, Либертас, Скај, Канал 77, Охрид Тајмс, Нова ТВ и Радио МОФ, како и порталите на НВО One World SEE и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ при што вкупниот број на читања по анализа се движи од околу 3 до 7 илјади.

Досега се објавени следните анализи:

  • За анкетата во „Вест“, нејзиното укинување и медиумската реакција (mk, sq, en, mk, mk, mk, mk, mk, mk, sq, mk)
  • Сексуалната приватност наспроти јавниот интерес (mk, mk, mk, mk, mk, mk, sq)
  • Медиумите за пресудите на Европскиот суд за човекови права (mk, mk, mk, mk, mk ,sq)
  • Како известуваа медиумите за извештајот на „Репортери без граници“? (1) ( mk, mk, mk, mk, mk, mk, sq)
  • Медиумски (не) активизам (mk, mk, mk, mk, mk, mk, mk, mk, sq)
  • Како известуваа медиумите за „Репортери без граници“ (2) (mk, mk, mk, mk, mk, mk, mk sq)
  • Медиумите и изборите (1) (mk, mk, mk, mk, mk, mk, mk ,sq)

Од март Метаморфозис ќе објавува и новинарски рецензии и едукативни написи. Придружете се на дискусиите преку на социјалните мрежи Фејсбук (ProverkaNaFakti  и VerifikimiiFakteve) и Твитер (@ProverkaNaFakti и @VerifikoFaktet).

Сподели: