dspace-vm-mk

Виртуелната машина со инсталиран DSpace, кој може да се користи со македонски и албански интерфејс, заедно со документација за процесот на инсталација на 3 јазика и неколку прирачници, е достапна за преземање преку линковите подолу, а заинтересираните институции можат да стапат во контакт директно со персоналот од Метаморфозис за да им се испорача содржината на DVD.

Преземање и инсталација на DSpace

Преземете ја DSpace виртуелната машина,  документацијата за инсталација и прирачници за користење на софтверот, како и фајловите за локализација на македонски и албански јазик од линковите подолу:

Фајлови за инсталација на виртуелната машина со DSpace
дел 1 дел 8 дел 15 дел 22 дел 29
дел 2 дел 9 дел 16 дел 23 дел 30
дел 3 дел 10 дел 17 дел 24 дел 31
дел 4 дел 11 дел 18 дел 25 дел 32
дел 5 дел 12 дел 19 дел 26 дел 33
дел 6 дел 13 дел 20 дел 27 дел 34
дел 7 дел 14 дел 21 дел 28
Забелешка: сите фајлови се поврзани и тежат по 100MB, освен последниот кој тежи 41MB.

За да ја инсталирате виртуелната машина и да го тестирате DSpace на вашиот компјутер ќе треба да одвоите:

  • 1GB RAM
  • процесор со капацитет од 2GHz
  • 6GB диск простор

Како предуслов треба да поседувате софтвер за виртуелизација кој го распознава OVF форматот. Ние ви ги препорачуваме бесплатните софтвери за десктоп виртуелизација VMWare Player и VirtualBOX.

Доколку се одлучите да ја користите DSpace виртуелната машина во продукциска околина, препорачуваме да употребите серверски хардвер со софтвер за виртуелизација од соодветна класа. Ние ви го препорачуваме бесплатниот софтвер за виртуелизација на продукциски сервери VMWare ESXi.

За непречена работа на DSpace во продукциска околина, препорачуваме да обезбедите:

  • минимум 4GB RAM
  • 2 процесорски јадра од минимум 2GHz
  • доволен капацитет на хард дискот за вашите потреби

Дополнително, доколку сакате сами да го инсталирате DSpace, преземете ги само фајловите за локализација на македонски и албански јазик и документацијата за инсталација (10MB) каде е објаснето како да го локализирате DSpace.

За DSpace

DSpace е слободен софтвер кој овозможува отворено споделување на содржини. Пред сè, го користат високо-образовни и научно-истражувачки институции, но наоѓа примена и кај музеи, државни архиви, државни и национални библиотеки, здруженија, списанија и комерцијални компании за управување со нивните дигитални материјали. Досега е применет повеќе од 700 пати во над 70 земји во светот.

Образовните и истражувачки институции го користат DSpace за да креираат складишта базирани на концептот за отворен пристап, кои овозможуваат јавна достапност до високо-квалитетни материјали (магистерски трудови, докторски дисертации, резултати од истражувања, трудови кои се објавуваат во научно-истражувачки списанија, презентации од меѓународни конференции и сл.) без никакви ограничувања. (повеќе за DSpace)

Предности од примена на отворениот пристап

Некои од предностите од примената на концептот за отворен пристап се:

  • поголема видливост на работата на институцијата и нејзино поголемо влијание во научната дејност
  • можност за прецизно пребарување на објавените материјалите на веб
  • можност за следење на стапката на цитирање и нејзино зголемување како резултат на достапноста
  • поголема читаност и можност за следење на бројот на преземања на депонираните документи
  • заштеда на време и пари бидејќи објавувањето на веб е побрзо и поевтино отколку објавувањето во научни списанија
  • помала шанса за плагирање на содржините (на веб плагијатот полесно се открива)
  • долговечно одржување на објавените трудови
  • напредок на научната дејност од кој сите имаат корист (истражувачите, истражувачките институции, надворешните истражувачки фондови, студентите, народот, општеството).

Сподели: