Во јуни 2021 година, Фондација Метаморфозис заедно со партнерите на TechSoup од 4 земји: Унгарија, Романија, Бугарија и Полска беа дел од 3 -дневни онлајн обуки на Еразмус+ програмата. За време на обуката тимот на Метаморфозис имаше можност да стекне знаење за тоа како дезинформациите влијаат врз граѓанското општество и кои се начините за борба против лажни вести. „Борба против намалувањето на граѓанскиот простор“ беше уште една работилница од проектот „ Дигитални и тренинг вештини за обука за социјалниот сектор“.
„Возбудлива тридневна обука полна со многу корисен материјал, работа во мали групи и практични примери кои можат да се употребат во работата со граѓански организации“. – изјави еден од учесниците.
За време на работилницата „Борба против намалувањето на граѓанскиот простор“, за тоа ако дезинформациите влијаат врз граѓанското општество и начините за борба против тоа учесниците имаа прилика да истражуваат на неколку теми:
- Зошто медиумската писменост, проверка на факти, критичко размислување се клучните компетенции?
- Што е дезинформација и зошто се користи?
- Кои се случаите на дезинформација во Полска, Унгарија, Романија и Бугарија?
- Како да се реконструираат главните наративи за дезинформација и да се препознаат тактиките што се користат против граѓанските општества во Европа?
- Кои се технолошките алатки за идентификување, следење и разоткривање нарации за дезинформации, ботови, тролови и други непријателски однесувања преку Интернет?
Проектот се реализираше благодарение на Европската унија.
Виртуелната мобилност спроведена од NIOK, Asociatia Romania and WCIF беше кофинансирана од Еразмус+ програмата на Европската унија. Фондацијата TechSoup имплементира дигитални и вештини за обука за социјалниот сектор во рамките на Оперативната програма за развој на образованието за знаење, кофинансирана од Европскиот социјален фонд.
Сподели: