Помеѓу 16 – 18.09.2019, како дел од проектот ACTION SEE, тимот на Метамофрозис организираше обука за медиумски организации на тема “Стратешко користење на податоци за медиумско покривање на прашања поврзани со владеење на правото и добро владеење” во Струга, Северна Македонија.

Општата цел на обуката е градење на капацитетите на медиумските организации за реафирмирање на нивната улога како медиуми за покривање на прашања поврзани со владеење на правото и добро владеење, и за стратешко анализирање и користење на податоци за зголемување на видливоста и импактот од нивната работа.

Една од целите на проектот ACTION SEE е директно вклучување на медиумските организации во активности наменети за изградба на капацитети и иницијативи за лобирање, сѐ со цел да тие се мотивираат дополнително за да станат активни чинители во промовирање и иницирање на јавни дебати и дискусии поврзани со владеење на правото и доброто владеење.

Сподели: