Мени

Учество на обука за односи со јавност и политичка комуникација

Обуката имаше за цел невладините организации да добијат вештини за:

  • користење на современи алатки и техники за креирање ефикасни односи со целни јавности
  • развивање стратегии за промоција на иницијативи кои ги водат невладините организации
  • користење на механизми кои водат кон ефикасна и континуирана соработка со медиумите
  • фокус на спецификите на политичката комуникација, односите со претставниците на разни институции и пратениците, кои се важни во процесот на поддршка на иницијативи на невладините организации
  • развој на конкретни планови за понатамошна промоција на иницијативи на невладините организации

bewman-logoФондацијата Метаморфозис е вклучена во проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес “ со цел да застапува за донесување на закон за справување со електронски и електричен отпад. Овие активности се во согласност и со тековниот проект на Метаморфозис на оваа тема: „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.