Проектот се состои од спроведување серија обуки за новинари од различни редакции, како од онлајн-медиумите, така и од традиционалните, кои дел од својата работа треба да ја адаптираат за своите веб-изданија.
Првата од 10-те обуки се одржа од 7 до 13 март во просториите на Метаморфозис за дел од редакцијата на Плусинфо и за новинарите од новиот портал за дневно-актуелни содржини на албански јазик, кој наскоро треба да стартува – Порталб.
Обуката се спроведуваше во текот на 5 работни дена и опфати: напредно уредување на содржини на веб, фотографирање и обработка на фотографии, снимање аудиовести и нивна обработка, креирање на видеосодржини, авторски права, социјални медиуми и локални сервиси за промоција. Обуката ја посетија вкупно 8 новинари.
Во текот на месец април ќе се одржат уште две вакви обуки со прилагодена програма според потребите на редакциите на медиумите, а до крајот на годината ќе се спроведат вкупно 10.
Сподели: