Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организираше онлајн информативна сесија во форма на вебинар за потенцијални апликанти на Повикот за апликации – Грантови за граѓански организации.

За Северна Македонија сесијата се одржа на 07.06.2021 година (понеделник) во 10:00 часот на ZOOM платформата со времетраење до 1 час, и на истата присуствуваа околу 55 учесници.

Сесијата се одвиваше на македонски јазик и се состоеше од кратко претставување на Фондација Метаморфозис, проектот, Повикот и одговарање на поставените прашања во врска со Повикот.

Снимката од сесијата може да ја најдете подолу.

Сите заинтересирани потенцијални аплликанти се поканети да го разгледаат документот ЧПП – Често поставувани прашања.

За сите останати прашања во врска со Повикот, сите заинтересирани страни се поканети да ги испратат писмено на iceda@metamorphosis.org.mk најдоцна до 15.06.2021.

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.

Сподели: