На конференцијата учество зема претставник од Метаморфозис, кој зборуваше за состојбата во однос на примената на информациските технологии во образовниот систем во Македонија, со фокус на работата на државните институции. Меѓу другото, беа презентирани и активностите на фондацијата на полето на отворените образовни ресурси и заклучоците кои произлегоа од истражувањата на Метаморфозис на темата, како и од конференцијата е-Општество која оваа година беше на темата „Отворено образование за отворено општество – да го споделиме знаењето“.

Искуствата од Естонија, пак, ги сподели претставничката Неле Леоск, која говореше за ситуацијата со примената на ИКТ во образовниот систем во нејзината земја. На конференцијата учествуваа и претставници од Албанија, меѓу кои и Адриан Тана, заменик министер за образование и Генц Поло, министер за иновација, информациска и комуникациска технологија, кои ги презентираа досегашните достигнувања на ова поле, но и плановите за понатаму.

konferencija_vo_albanija

Оваа конференција претставува заокружување на проектот „Градење на меѓународни најдобри практики за подобрување на е-учењето во Албанија“, кој го имплементира Центарот АЛТРИ од Албанија, а во рамките на кој на 20 декември 2012 год., во Скопје, се одржа и тркалезната маса „Употреба на нови технологии во образованието: Размена на практики помеѓу Македонија и Албанија“. Проектот е поддржан од програмата Исток-исток преку Фондацијата отворено општество Албанија.

Сподели: