На 19 ноември 2025 година, во просториите на Europe House Битола, се одржа локална работилница на CarGrow 2.0, граѓанската алијанса која го следи и поддржува спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст. Работилницата имаше за цел да ја претстави улогата на CARGrow 2.0 како граѓанска алијанса за следење на реформите и да поттикне вклучување на локални организации, активисти и експерти во процесот на мониторинг и застапување. Настанот беше отворен и интерактивен, со цел градење доверба и зајакнување на граѓанскиот придонес во процесот на европска интеграција.

Како дел од работилницата, Маријана Јанческа – Угарковиќ, зборуваше за предвидените и остварени мерки од областа Дигитализација. Фондација Метаморфозис веќе објави два прегледи на исполнети и предвидени обврски во областа Дигитализација од Реформската агенда, еден во април 2025 достапен тука, и еден преглед во јули 2025 достапен тука.

Во јануари 2025 година, како дел од CarGrow 2.0, Фондација Метаморфозис, ќе објави и трет извештај за спроведените активности во областа Дигитализација. Извештаите содржат преглед на состојбата во областа, идентификување на сегментите кадешто е потребен граѓански придонес, и сугестии за идни активности.

Сподели: