Првата обука беше со цел да им се претстави на студентите проектот Глобал војсис и можноста за нивно вклучување како преведувачи за македонската верзија на сајтот. Заинтересираните студенти, потоа имаа обука за користење на платформата WordPress, која се користи за потребите на проектот Глобал војсис. Со обуката студентите научија како да постават нов напис, како да форматираат текст, како да постават слика и некои други слични процедури кои се потребни за користење на платформата.

Новина во обврските на студентите на Филолошкиот факултет е преведување и поставување на написи за македонската Википедија. Фондацијата Метаморфозис сакајќи да ја поддржи оваа иницијатива одржа обука за студентите со цел да ги обучи за поставување на написи на Википедија и нивно правилно форматирање и категоризирање.

Во рамките на обуките беа опфатени по 10 студенти, од кои дел станаа и волонтери за Глобал војсис на македонски.

Сподели: