ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа за институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа) е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владите во регионот на Југоисточна Европа, зголемувајќи го потенцијалот за граѓански активизам и граѓанско учество, промовирање и заштита на човековите права и слободи на интернет и градење капацитети и интерес кај граѓанските организации и поединци во регионот за користење на технологијата во работата за промовирање на демократијата.

Од 17 до 19 ноември 2022 година во Подгорица, Црна Гора, основачките организации на мрежата ACTION SEE, одржаа работилница за стратешко планирање. На средбата присуствуваа претставници од Фондација Метаморфозис, Партнери за демократски промени Србија од Србија, Центар за демократска транзиција од Црна Гора, и Зашто не? од Босна и Херцеговина. На работилницата се разговараше за идните активности, споделените вредности и визии.

Во следната година планирани се уште неколку средби на мрежата.

Сподели: