На 22 и 23 март, Фондација Метаморфозис, како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, ја одржа првата обука за отвореност наменета за државните службеници од министерствата и органите во состав. Преку 25 претставници на државните институции ја следеа обуката базирана на принципите на Индексот на отвореност.
Целта на обуките беше да ги подготват државните службеници со алатки и методи што служат за подобрување на отвореноста во нивните соодветни институции.
Како дел од проектните активности, Фондација Метаморфозис го следеше имплементирањето на Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност и ја следиме отвореноста на институциите преку Индекс на отвореност. Индексот на отвореност е композитен сет на индикатори што ги оценува перформансите на извршната власт во областа на доброто управување со фокус на четири столба: пристапност, свест, интегритет и транспарентност, со хоризонтална тема – отворени податоци.
Обуката ги опфати следните теми:
- Разбирање на отвореноста од перспектива на граѓанинот;
- Како да се обезбеди ефективно и проактивно остварување на правото на пристап до информации;
- Како да се употребат социјалните медиуми и веб-страниците за да се комуницира и вклучи заедницата;
- Важноста на редовно собирање и ажурирање податоци;
- Обезбедување интегритет на државните службеници;
- Важноста на добро осмислени и спроведени јавни дебати и консултации;
Втората обука за отвореност за државни службеници ќе се одржи на 4 и 5 април 2022 година.
Сподели: