На 21 ноември 2022 година, во конференциската просторија на Кантина, Фондација Метаморфозис одржа работилница за комуникации.

Работилницата беше наменета за претставници на организации од полето на енергетика кои во следниот период ќе спроведат проект за децентрализација на енергетската продукција. Присутните имаа прилика да се запознаат со основите на комуникациските стратегии, начини на користење на дигитален маркетинг во граѓански сектор, како и пренесување на важни пораки до засегнати страни.

Работилницата се одржа како дел од проектот ACTION SEE (Мрежа за одговорност, технологија и институционална отвореност во регионот на Југоисточна Европа). ACTION SEE е мрежа на граѓански организации кои заеднички работат на промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на владите во регионот на Југоисточна Европа, подигајќи го потенцијалот за граѓански активизам и граѓанско учество, промовирање и заштита на човековите права и слободи на интернет и градење капацитети и интерес кај граѓанските организации и поединци во регионот за користење на технологијата во работата за промовирање на демократијата.

Мрежата е основана во 2014 година, а проектот финансиран од NDI „ACTION SEE“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Левизја Мјафт! (Албанија), Партнери за демократски промени Србија (Србија), Центар за демократска транзиција (Црна Гора), Зошто не (Босна) и Отворени податоци Косово (ОДК).

Сподели: