Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation започнa со имплементација на проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“ преку формирање на Школа за податоци – Македонија.

По тој повод, Школата за податоци – Македонија ќе организира редовни средби на кои присутните ќе имаат шанса да споделат, научат, да бидат во тек со новостите на темата и пред се да бидат дел од една заедница.

meetup1

Првата таква средба се одржа на 11ти септември, во просториите на ГЕМ клубот. На средбата беа добредојдени сите кои се заинтересирани, а се приклучија околу 20 новинари, активисти, претставници на Министерството за информатичко општество, претставници на граѓанскиот сектор и совесни граѓани.

meetup2

Настанот го отворија Lucy Chambers, Katelyn Rogers и Daniella Matern, како претставници на Open Knowledge Foundation. Тие откако накратко го претставија концептот на отворените податоци, одржаа куса презентација која меѓу другото вклучуваше и успешни примери за употребата на отворените податоци од целиот свет. По споделените инспиративни приказни, групата разви дискусија покривајќи различни теми поврзани со достапноста и употребата на отворените податоци во Македонија.

Средби од истиот тип ќе има и во иднина и на истите е добредојден да учествува секој кој е заинтересиран.

Сподели: