Целта на состанокот беше почеток на заедничката работа преку договарање детална агенда и утврдување транспарентни процедури за решавање на конкретни прашања во текот на оценувањето.

Мултидисциплинарното жирито е составено од четиресетина стручни лица кои доаѓаат од образовниот, приватниот, државниот и граѓанскиот сектор и се занимаваат со развој на е-содржини и изградба на информатичко општество. Членовите на жирито се групираа во комисии за секоја од осумте категории на НСС.

На состанокот беше утврден следниот распоред за наредните активности

  • 11 мај за одржување на јавната трибина на тема „Промоција на Македонија во светот преку е-содржини“ (Културен центар „Точка“ во 11 часот)
  • 31 мај како краен рок за пријавување на проекти-кандидати
  • 05 јуни за одржување на оценувањето на пристигнатите решенија

Повеќе информации за Наградата на Светскиот самит може да најдете на официјалниот веб-сајт www.wsa.org.mk.

Сподели: