Студентите се вклучија во дискусијата и разговараа на актуелни теми поврзани со оваа проблематика, разменија мислења и ги презентираа своите ставови, придонесувајќи кон донесување на заклучоци поврзани со употребата на социјалните медиуми.
Оваа дебата е втора во низата дебати, по онаа која се одржа на Европскиот Универзитет. Во наредниот период следат уште 3 дебати и тоа: 19 април – Факултет за туризам и менаџмент во Скопје, 20 април – Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, и 23 април – Државен Универзитет во Тетово. Дополнително, дебатите претставуваат продолжување на активностите на Метаморфозис од проектот Социјални медиуми за демократија.
Сподели: