На ден 26 март, со почеток во 12 часот во просториите на Стопанска комора на северо-западна Македонија, се одржа обука на тема „Младински активизам и слобода на изразување во Македонија“. На оваа обука организирана од Унијата на албанските ученици во средните училишта во Македонија, предаваше Адријана Селмани која објасни дека слободата на изразување е една од клучните слободи кое е гарантирана како човеково право.
На оваа обука присуствуваа 25 ученици од различни средни училишта во градот Скопје, членови на Унијата на албанските ученици во средните училишта во Македонија. За време на обуката се одвиваа различни дискусии за проблемите на учениците кои никогаш до сега не биле произнесени во јавност.
Адријана за време на обуката објасни дека доколку учениците не се засегнат за своите основни права нема да успеат да развијат здрав активизам.
Покрај обуката учениците имаа можност да разменат и идеи со кои би придонеле во подобрувањето на нивното образование, да можат преку многу културни настани, дебати, работилници и обуки да се здружат со повеќе ученици од целата држава и заедно да придонесат за подобро образование како и да разменат искуства.
Сподели: