На 29 мај, во просториите на Метаморфозис се одржа презентација за воспоставување политики за приватност на веб-сајтови за е-продажба, на која присуствуваа 9 учесници. Претставник од Метаморфозис беше гостин на обуката организирана од „Ексквизит“, со цел поттикнување на самовработувањето и развој на претприемачкиот дух.

Презентацијата претставуваше водич за пишување политика за приватност, а учесниците се запознаа со тоа што претставува политиката за приватност, што овозможува, како да се создаде, кои се основните начела и чекори за успешно креирање политика за приватност.

Презентацијата претставува продолжување на иницијативата на Метаморфозис за подигнување на знаењата и свеста за потребите од воспоставување соодветни политики за приватност на веб-сајтовите, што перспективно би довело и до зголемување на нивниот број.

Сподели: