Првиот ден беше посветен на презентации за јавниот домен и за карактеристиките на претходно објавениот манифест за јавен домен. Попладнето беше резервирано за неколку панелисти кои зборуваа на теми поврзани со дигиталното наследство, додека работниот ден беше заокружен со презентации за економската и социјалната вредност на јавниот домен.

Вториот ден, излагачите зборуваа за алтернативите системи за надоместување во вид на панел дискусија во која активно се вклучуваа голем број поединци од публиката. По ручекот следуваше заокружување на настанот и изведување на заклучоци за препораки за политики.

Сподели: