На 02.02.2015 година, во просториите на ГЕМ клубот во Скопје, се одржа средба на организациите-грантисти од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕТ и Реактор, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013.
На одржаниот состанок се дискутираше за создавањето на мрежа од организации кои заеднички ќе работат на теми поврзани со доброто владеење кое се планира како дел од проектот и соработката. Членките имаа можност да дискутираат за активностите кои мрежата би ги спроведувала во иднина и да ја потпишат декларацијата за здружено делување во областа на доброто владеење.
Идејата на ваквата активност е да си даваме меѓусебна поддршка и да имаме механизми за заеднички да продолжиме во спроведување на нашите активности и по завршување на овој проект. Ние бараме начини за продолжување на проектот и како мрежа веруваме дека би имале поголеми шанси.
Сподели: