На 07 и 08 февруари 2018, Скопје, се одржа средба на партнерите во проектот ACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа. На состанокот присуствуваа претставници од Фондација Метаморфозис, која е воедно и координатор на проектот, како и партнерските организации Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора и CRTA – Центар за истражување, транспарентност и одговорност од Србија, Levizja Mjaft!. Од Албанија и Open Data Kosovo од Косово.
Партнерите разговараа за проектните активности кои се очекува да се спроведат во текот на 2018, како и за индексот на отвореност. Со оглед на фактот што целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања, беа разгледани прашањата за вклучување на што поголем број на организации во компонентата на градење капацитети и обуки.
На оваа средба беа разгледани и договорени активности за имплементација во 2018 година.
Овој проект е имплементиран со финансиска поддршка на Европската Унија.
Сподели: