На 4 февруари, 2014 година во просториите на ГЕМ клубот се одржа обука на тема „Борба против говор на омраза на Интернет“ на која присуствуваа 9 учесници. Оваа обука е втора од циклусот обуки на оваа тема кои ќе се реализираат во текот на годината.
Професорката Мирјана Најчевска го водеше првиот дел од обуката каде зборуваше за препознавање и спротивставување на говорот на омраза. Потоа следеше запознавање со механизмите за пријавување на говор на омраза на социјалните мрежи, како и практична вежба чија цел беше зајакнување на презентациските вештини на учесниците.
Обуката за борба против говор на омраза на Интернет е дел од иницијативата против говор на омраза која е покрената од МОФ, Метаморфозис, Реактор и Центар за нови медиуми.
Останатите активности од Иницијативата против говор на омраза на интернет, како и други ресурси може да се проверат на веб-локацијата www.nemrazi.mk.
Одржана втора обука против говор на омраза на Интернет
05.02.2014

Активност во рамки на проектот:
Покана за презентација: Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат – Мерка притвор
Фондацијата Метаморфозис Ве поканува на завршната презентација на проектот „Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат – Мерка притвор“ Настанот ќе се одржи во четврток 15 јуни 2017…