На 23 февруари, во организација на Центарот на заедницата на општина Струмица, а во соработка со Метаморфозис, се одржаа две предавања за ученици од основните и средните училишта од општина Струмица на тема „Заштити се онлајн“.

Предавањата кои се одржаа во малата сала на Дом на АРМ во Струмица, од страна на предавач од фондацијата Метаморфозис, со почеток во 10:30 часот за учениците од основно училиште, и со почеток во 12:30 за средношколците, ги посетија стотина ученици.

Учениците имаа прилика да се запознаат со основните поими поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, опасностите на интернет, како да ги препознаат и како да си ја заштитат приватноста и безбедноста на интернет, а средношколците дополнително се едуцираа за приватноста на социјалните мрежи.

10919000_783605411733893_8543641817213429600_n

Предавањата беа надополнети и со интерактивни вежби и презентација на кратки едукативни филмови.

Учениците беа мотивирани да дискутираат и отворено да поставуваат прашања во врска со заштитата на нивните лични податоци и приватноста на интернет.

Галеријата со фотографии од првото и второто предавање може да ги погледнете на страницата на Фејсбук на Центар на заедницата на општина Струмица.

Кратки прилози за предавањата објавија и ТВ Канал Вис и Интел Телевизија.

Сподели: