На 05 декември 2017 година беше одржан состанок со претставници на грантисти во врска со спроведувањето на нивните грантови, како и утврдување на потребите за обука и градење на нивните капацитети, што претставува една од клучните активности на проектот ACTION SEE. На состанокот грантистите имаа можност да се запознаат и да разменат најдобри пракси и искуства во врска со спроведувањето на грантовите. На тој начин проектот цели и кон градење на заедничка платформа и мрежно поврзување на граѓанските организации кои се корисници на овие грантови.
Воедно, на 15 декември 2017 година беше одржана обука со цел да се подобрат нивните капацитети за подготовка на извештајните документи.
Во рамки на проектот ACTION SEE – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа беа доделени повеќе грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци. Вкупно 16 граѓански организации од шест држави и тоа од: Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, адресираат прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото.
Од Македонија добитници на грантовите се:
- Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ – Проектот „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“ цели да го оцени, евалуира и да го подобри тековното ниво на пристап за лицата со попреченост до општинските веб-страници во Северо-источниот Регион во Македонија.
- Институт за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) – Проектот „Будно око – Платформа за мониторинг на употребата на јавни средства во средното образование во Македонија“ има цел да го подобри надзорот и пристапот до информации поврзани со употребата на јавни стредства во финансирањето на средното образование во Македонија.
- „Профицио“ – Проектот „Во центарот на вниманието: Надминување на злоупотреба на службената дејност во Македонија“ има цел да придонесе кон воведување на практични механизми за поставување и за институционализирање на високи стандарди за етичко однесување, добро владеење и за избраните вршители на јавни функции, јавни службеници и општата јавност преку лобирање и застапување во Македонија.
- „Заеднички вредности“ – Целта на проектот „Комисии за меѓуетнички односи и етничките заедници“ е да ги зајакне меѓуетничките односи и институциите на системот во земјата, за да се зајакне демократијата во Македонија и да се забрза процесот за пристап во ЕУ.
Сподели: