На 4 мај маратонците се дружеа во просториите на Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар (Центар за култура) со почеток во 14 часот. На 9 мај, пак, маратонот се одржа во просториите на Фондацијата Фокус во Велес со почеток во 16 часот.

wikidebar04.05.12Како и претходните, и овие маратони започнаа со кратка обука за користење на платформата wiki.mk. Учесниците потоа следејќи ги чекорите за поставување, уредување и ажурирање на текстуални содржини и фотографии, започнаа индивидуално да ги внесуваат претходно подготвените текстови и фотографии од различни области, користејки ги вики-алатките.

На маратонот во Дебар имаше 16 присутни учесници, волонтери, наставници, ученици од училиштето „Саид Најдени“ од Дебар, претставник од здружението „Радика ДЕ“- Дебар, како и претставници од Центарот за оджлив развој на заедницата Дебар. За време на маратонот беа создадени 20-тина статии на албански и на македонски јазик.

wikiveles09.05.12Во Велес пак, имаше 12 претставници, волонтери од организациите Чекори на младите, Медиа Актив Клуб, Детски младински парламент на Македонија и Фондација Фокус. Учесниците поставија 15-тина статии на македонски и 1 статија на турски јазик.

Со овие настани се промовираше Вики.мк и вики-технологијата воопшто, како средство за споделување информации од локално значење и активно граѓанско учество преку користење на  новите технологии.

Маратоните се дел од проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија. Кон крајот на месец мај и почетокот на месец јуни, уште 2 вакви маратони ќе се одржат и во Скопје.

Сподели: