Презентацијата опфати запознавање со законските обврски во однос на заштитата на лични податоци преку претставување на ресурсите развиени во рамки на проектот Иницијатива за приватност на Интернет (Online Privacy Initiative – OPI) „Заложба за заштита на приватноста“ и Водичот „Како до политика за приватност“.
Презентацијата се одржа во просториите на Јес инкубаторот во нас. Аеродром во Скопје, а на неа присуствуваа 7 учесници. Две презентации од овој тип веќе беа одржани во мај и јули, а дополнителни две презентации се одржаа во септември и декември. На истите учествуваа вкупно 60 учесници.
Сподели: