Фондацијата Метаморфозис има потреба од специјалист за социјални медиуми кој ќе се придружи на организацијата и ќе работи со одговорното лице – специјалист за комуникации со цел подобрување на видливоста на работата на организацијата и поголемо присуство на социјалните мрежи, односно во медиумскиот простор. Метаморфозис се стреми кон проширување на целните групи до кои цели да стигне со информациите за својата работа и придобивките од неа.
Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.

Опис на работни задачи / Одговорности на специјалистот за социјални медиуми:

Специјалистот за социјални медиуми е организациски давател на услуги. Тој/таа помага во обезбедувањето висококвалитетна комуникација и видливост на Метаморфозис преку социјалните мрежи. Меѓу неговите/нејзините одговорности се вклучени:

  • Објавува информации за јавните настани на социјалните мрежи на организацијата во координација со специјалистот за комуникации;
  • Присуствува на планираните јавни настани кои ги организира организацијата;
  • Објавува информации на социјалните медиуми поврзани со работата на организацијата во соработка со специјалистот за комуникации, програмските координатори и директори;
  • Презема и други работи поврзани со подобрување на комуникациските активности на организацијата преку социјалните медиуми.

Потребни квалификации и вештини:

  • Најмалку 2 годишно релевантно работно искуство, односно искуство со социјални медиуми;
  • Високо образование, а пожелно е да биде во областа на комуникација и односи со јавноста;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, а познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на работата во граѓанското општество, претходно искуство во секторот е пожелно;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint, познавање на програми за дизајнирање, WordPress, како и познавање на сервисот MailChimp;
  • Претходно искуство во организација на настани и креирање на промотивни материјали;
  • Искуство во креирање на соопштенија за јавност;
  • Искуство во работа со различни засегнати страни во исто време, односно способност за истовремено управување со повеќе проекти во динамична работна средина;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Способност за тимска работа и работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Распоред на работно време:

Позицијата предвидува полно и редовно работно време, со повремени попладневни и викенд ангажмани при организација на настани. Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, компетитивна и динамична работна средина, односно:

  • Работни часови во неделата: 40;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:30/9:00 до 16:30/17:00 часот.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија на македонски јазик и мотивациско писмо на следните адреси: danche@metamorphosis.org.mk, info@metamorphosis.org.mk и goran@metamorphosis.org.mk со назнака „За оглас за специјалист за социјални медиуми“ најдоцна до 07.04.2023 година, до 16:00ч.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

Сподели: