Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ја организира панел дискусијата „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, која ќе се одржи на 31 октoмври 2022 година во Скопје, со почеток во 14:00 часот, на платформата за видео комуникација Zoom.
Панел дискусијата ќе биде од регионален карактер, со учество на претставници на организации од Западен Балкан кои се борат против дезинформации и кои ќе ги споделат своите искуства поврзани со разоткривање на антидемократиските дезинформациски наративи кои ги злоупотребуваат прашањата поврзани со различностите во нивните општества.
Говорници на настанот ќе бидат:
- Владимир Петрески – Уредник на Вистиномер
- Никола Петровиќ – Извршен директор на Центарот за меѓународни и безбедносни прашања ISAC, тинк-тенк од Србија
- Петрит Зогај – Национален уредник на Sbunker.net, Медиумска издавачка организација од Косово
- Барбара Хала – Новинар и истражувач во Faktoje.al, сервис за проверка на факти од Албанија
- Исмар Милак – Проектен координатор во Зашто не (Why not) од Босна и Херцеговина, основач на сервисите за проверка на факти Istinomjer.ba и Raskrinkavanje.ba (fcs)
Модератор:
Деспина Ковачевска – Медиа мониторинг експерт во Фондација Метаморфозис.
Панелистите се членови на мрежата кои го спроведуваат тековниот регионален проект „Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“.
Дискусијата е отворена за јавноста и претставници од медиумите. Заинтересираните може да ја проследат истата на следниот линк – https://techsoupglobal.zoom.us/j/92894393896… . Работен јазик ќе биде англиски, со обезбеден превод на македонски и албански. Дискусијата ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Фондација Метаморфозис.
Настанот се одржува во рамки на Деновите на медиумска писменост –Денови на медиумска писменост 2022 – ММП (mediumskapismenost.mk) во синергија со активностите на регионалниот проект „Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“ финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија и проектот „Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации“ финансиран од американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy).
Ставовите изразени на дискусијата не ги одразуваат ставовите на донаторите.
Сподели: