Мени

ООР презентација и во ООУ Неџати Зекирија во с.Коџаџик

На 13 февруари 2020 се одржа уште една презентација за ООР, во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси спроведен од Фондацијата Метаморфозис. Во основното училиште Неџати Зекирија во с.Коџаџик беше презентиран концептот на Отворени Образовни Ресурси (ООР), користа од ООР, како и примери каде тие се употребуваат редовно во наставниот процес.

По презентирањето на концептот на отворени образовни ресурси следуваше дискусија на која наставниците беа охрабрени да создадат ресурси и соодветно да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци. На секоја од овие работилници посебно внимание се посветува на создавањето на отворени ресурси на јазиците на малцинските заедници.

Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.