На 16-ти јуни настани ќе има во општините Чаир и Дебар, додека на 17-јуни тоа ќе се случи во општина Гостивар. Почетокот на настаните е во 12 часот.
Отворениот ден ќе се организира со цел остварување средба, контакт и запознавање на членовите на Комисијата со граѓаните од општините со граѓаните. Преку остварување на отворениот ден на граѓаните ќе им се овозможи, пред надлежните институции да ги пренесат нивните проблеми и потреби на локално ниво со цел да се најдат можности за нивно решавање. Додека трае отворениот ден, ќе има и промоција на Прирачникот за комсиите за односи помеѓу заедниците.
Настанот се организира во рамките на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ (МЕК) “, финансиран од Европската унија.
Сподели: