На 16-ти јуни настани ќе има во општините Чаир и Дебар, додека на 17-јуни тоа ќе се случи во општина Гостивар. Почетокот на настаните е во 12 часот.

Отворениот ден  ќе се организира со цел остварување средба, контакт и запознавање  на членовите на Комисијата со граѓаните од општините со граѓаните. Преку остварување на отворениот ден  на граѓаните ќе им се овозможи, пред надлежните институции да ги пренесат нивните проблеми и потреби на локално ниво со цел  да се најдат можности за  нивно решавање. Додека трае отворениот ден, ќе има и промоција на Прирачникот за комсиите за односи помеѓу заедниците.

Настанот се организира во рамките  на  проектот  „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ (МЕК) “, финансиран од Европската унија.

Сподели: