На 17 март 2005г., дигитален клуб започна со работа и во селото Камењане, Тетовско. Клубот е отворен во рамките на проектот „Дигитални клубови“ кој е организиран и поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Фондацијата Метаморфозис, а чија цел е надминување на дигиталниот јаз преку отворање на вакви клубови во средини каде не постојат интернет клубови или слични места во кои населението би имало контакт со компјутерската технологија. 

        Подносител на проектот од општина Камењане е „МБ-КОММЕРЦ 2“ Д.О.О. Експорт-импорт, од с. Камењане. 

        Во селото Камењане живеат 6000 жители и има две училишта, од кои едното е во непосредна близина на клубот.

        Во рамките на клубот ќе се одржуваат компјутерски курсеви, ќе се користат интернет услуги, ќе може да се играат компјутерски игри, како и да се печатат и скенираат материјали и документи.

        На свеченоста присуствуваа претставници од повеќе организации од регионот, претставници на Метаморфозис, како и претставници од неколку локални медиуми.

Сподели: