За потребите на проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“, поддржан од Министерството за Надворешни Работи на Кралството Холандија, број на договор: 4000005359, Фондацијата Метаморфозис објавува Отворен повик за поднесување на понуда согласно следните услови:

  1. Предмет на набавка

Предмет на набавката се хотелски услуги – сместување на 10-15 лица, со вклучени 3 оброци и 1 работна просторија во периодот 17.10.2022 – 21.10.2022.

Технички спецификации:

  • Пристигнување на 17.10.2022 претпладне. Се започнува со ручек.
  • Заминување на 21.10.202 во попладневни часови. Се завршува со ручек.
  • Ноќевања во еднокреветни соби
  • Мени за појадок, ручек и вечера (мени без свинско месо и вегански / вегетаријански опции)
  • 2 кафе паузи дневно (еспресо, макијато, нескафе, филтер кафе, негазиран сок, вода, ситни колачи и овошје)
  • 1 работна просторија за 15 лица (достапна во текот на 4 дена во периодот 08:30 – 18:00)
  • Стабилен интернет во секое време
  • Техничка опрема: проектор и платно за проектирање
  • Цените на понудените услуги остануваат непроменети за целото времетраење на догворот за соработка
  • Цените на понудените услуги треба да бидат крајни цени, односно да ги вклучуваат сите зависни трошоци и давачки

*Точниот број на учесници и потребни услуги дополнително ќе биде утврден 2 недели пред одржување на настанот.

  1. Набавката по повикот не е делива.
  2. Економскиот оператор треба да ги исполни следните критериуми:
  3. Лична состојба на понудувачот
  • во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
  • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

Економскиот оператор го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда (изјавата е дадена во прилог на оваа тендерска документација – прилог 2).

Покрај изјавата, понудувачот заедно со понудата не мора да поднесе документи за докажување на личната состојба. Заради проверка, Комисијата може да побара од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба за проверка на овие критериуми.

  1. Техничка или професионална способност

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

  • Доказ за регистрирана дејност.
  1. Понудите треба да се доставуваат по електронски пат на е-маил nina@metamorphosis.org.mk најдоцна до 30.08.2022 година (вторник) до 12:30 часот. Понудите се доставуваат скенирани со потпис и печат од овластено лице. Понудите што нема да ги содржат потребните елементи или што не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. Рок на важност на понудата: најмалку 90 дена од денот на отворање на понудите.
  2. Понудата треба да ги содржи следните елементи:
  • Финансиска понуда дадена како Прилог 1.
  • Изјава исполнување на условите за лична состојба на економскиот оператор според образецот кој е даден како Прилог 2.
  • Тековна состојба или доказ за регистрирана дејност (копија).
  1. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
  2. Критериум за доделување на договор е најниска цена, односно: Цена 100 бода.
  3. Плаќањето ќе се изврши по реализација на услугата односно по доставување на фактура и спецификација на извршени услуги. Висината на фактурата ќе зависи од реалната испорака на услуги/производи, пресметувајќи ја реалната количина на испорачани услуги/производи според понудените единечни цени.
  4. По завршувањето на евалуацијата на доставените понуди, избраниот учесник на повикот ќе биде известен. Известувањето ќе биде испратено на е-поштата наведена во понудата.

Прилог 1- Образец на понуда

Прилог 2- Изјава за лични услови

 

 

Сподели: