МРЕЖАТА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПАРТНЕРСТВО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК
за изразување на интерес за повторно избирање на 5 (пет) членови од заинтересираните граѓански организации од Мрежата на ГО за ПОВ во Управниот комитет на Мрежата на ГО за ПОВ

Секоја членка на Мрежата може да номинира свој претставник во Управниот комитет.

Номинацијата на новите членови на Управниот комитет се прави по писмен пат, преку поднесување форма за номинација која служи да ја потврди подобноста на номинираниот кандидат.

  1. Критериуми за подобноста на номинираните кандидати се следните:
  2. Најмалку 5 години активен ангажман во една од областите на приоритетите;
  3. Професионален кредибилитет кој се докажува преку кратка професионална биографија;
  4. Специфични постигнувања во областите на делување на Мрежата и поконкретно областите на ПОВ. Истото се докажува со приложени трудови, анализи и сл.
  5. Изјава на лична мотивација и краток план со идеи на кој начин номинираниот кандидат може да придонесе преку кон ПОВ со ангажманот во Управниот комитет.
Со овој повик се покануваат сите заинтересирани граѓански организации членки на Мрежата на ГО на ПОВ да се пријават преку доставување на приложената пријава и потребните документи наведени во повикот со кои се докажува исполнувањето на критериумите.
Рокот за поднесување на пријавите е 31 март (понеделник) 2025 година.

Пријавувањето за членство во Управниот комитет на Мрежата на ГО за ПОВ се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи на следната електронска адреса: danche@metamorphosis.org.mk

Пријавата може да се преземе тука.

Сподели: